Жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако ноќеска нападнал полицаец. Нападот се случил околу еден часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, информира полицијата.
Ноќеска околу 1 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го запреле 49-годишниот тетовец Ј.С. Тој прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-ина напади вкупно за 2018 година. Во најголем број случаи полицајците биле вербално напаѓани и омаловажувани, а помалку се физичките напади. Граѓаните кои извршиле таков напад потоа се соочуваат со кривични пријави за спречување службено лице во вршење на службено дејствие