
Американскиот претседател Деоналд Трамп и претставниците на опозициската Демократска партија во вторникот ги надминаа несогласувањата и ја поддржаа разработката на инфраструктурната програма во износ од 2.000 милијарди долари.
„Се согласивме дека станува збор за многу добар износ од 2.000 милијарди долари за инфраструктурата“, рече челникот на демократите во Сенатот, Чак Шумер по средбата во Белата куќа.
Додаде дека претседателот Доналд Трамп ќе ги претстави своите начини на финансирање на овој амбициозен проект во текот на следната средба која ќе се случи по три седмици. Шумер рече дека инвестицискиот план опфаќа патишта, мостови, водоводни мрежи, енергетски извори и широкопојасен интерес.
За остварување на програмата ќе биде потребно да се убеди Сенатот да ослободи средства. Без поддршката на претседателот „ќе биде тешко да се придобие Сенатот на наша страна“, призна Шумер. Претседателката на Претставничкиот дом во американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси го пофали „важниот и смел“ план.
Односите меѓу Трамп и демократската опозиција, кои секогаш беа сложени, дополнително се затегнаа откако демократите ја преземаа контролата над Претставничкиот дом во јануари. Во февруари 2018 година претседателот веќе го претстави планот за вложувања од 1.500 милијарди долари за американската инфраструктура, при што за многу објекти е неопходно итно обновување. Во рамките на предизборните ветувања Трамп предвидуваше да деблокира 200 милијарди долари во сојузниот буџет и остатокот ќе го бара од сојузните држави и приватните инвеститори.