Мадуро во телевизиско обраќање објави неуспех на пучот и го демантира Помпео

Планираниот бунт не успеа бидејќи Венецуела сака мир, објави во средата венецуелскиот претседател Николас Мадуро на државната телевизија придружуван од министерот за одбрана Владимир Падрино Перез, што ги демантира тврдењата на американските функционери дека неговите клучни министри минале на страна на опозицијата, пренесуваат во средата светските агенции.

Настапот на претседателот Николас Мадуро на венецуелската државна телевизија околу 21 часот навечер по локално време во вторникот, четири часот утрото во средата по македонско, беше неговото прво појавување во јавноста од почетокот на ткн „мирен бунт“, како што подоцна беше наречено безредието, или „последната фаза од операцијата Слобода“ што ја објави во вторникот опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој е воедно и претседател на Националното собрание, повикувајќи ја војската да му се придружи во соборувањето на левичарската власт.

Армијата очигледно, сепак, му остана лојална на претседателот Мадуро кој во речиси едниочасовниот говор објави неуспех на обидот за државен удар.

„Целта денеска беше приредување големо шоу“, рече Мадуро, според кој на страната на Гуаидо минала „мала група“ војници. „Нивниот план не успеа, нивниот повик не успеа бидејќи Венецуела сака мир“, порача претседателот, пренесува Reuters.

Мадуро ги демантираше тврдењето на шефот на американската дипломатија Мајк Помпео дека наводно планирал да побегне на Куба, но дека од тоа го одвратиле руските сојузници.

Објави, исто така, дека го именувал Густаво Гонзалез Лопез за челник на разунавачката служба Sebin, без да наведе поединост за смената на Мануел Кристофер Фугуера кој минатата година на таа должност го смени Гонзалез Лопез.

Покрај Мадуро, во текот на говорот стоепе министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез, за кого советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, тврдеше дека пребегнал на страна на опозицијата, Падрино на телевиијата изјави дека вооружените сили ќе продолжат да го бранат уставот и легитимната власт. Додаде и дека воените бази нормално функционираат.

Претходно венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареас, истакна дека повиците од Вашингтон за поддршка на бунотот „безусловно го издаваат авторството“ на САД во организирањето на обидот за државе преврат. Според него, демократските институции на државата го гарантираат мирот во земјата. Ареас го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги „тргне рацете од Венецуела“.

Според тврдењата на некои американски функционери, наводно тројца високи функционери лојални на Мадуро, министерот за одбрана Падрино, претседателот на врховниот суд Макаел Морено и командантот на претседателската гарада Иван Рафаел Ернандез Дала, преговарале со опозицијата и биле подготвени да поддржат мирно предавање на власта на силите кои ги поддржува Вашингтон.

„Долго преговараа за можноста од обновување на демократијата, но се чини дека денеска не напредуваат“, изјави специјалниот американски пратеник за Венецуела, Елиот Абрамс. Болтон, пак, изјави „Сите се согласиле дека Мадуро мора да замине“. Ниту Абрамс, ниту Болтон не понудија докази за своите тврдења, потсетува Reuters.

Гуаидо, пак, во својата видео порака објавена половина час пред говорот на Мадуро, ги повика граѓаните повторно во среда да излезат на улиците на голем протес против „режимот на Мадуро“. Тврдеше дека бунтот кој ги покрена во вторникот бил мирен, негирајќи ги тврдењата за обид да изврши државен удар. Во пораката беше посветено внимание да на се дадат знаци каде тој се наоѓа во моментот.

Во вторникот десетици илјади луѓе маршираа во Каракас во знак на поддршка на Гуаидо и се судрија со полицијата на главната улицја Франциско Фајардо, Оклопно возило на националната гарда влета меѓи демонстрантите кои на него фрлаа камења, но нема смртно настрадани. Активистите за човекови права наведуваат дека во инцидентите се повредени 109 луѓе, најголем дел со гумени куршуми и со кугли од воздушни пушки, а лекарски извори за агенциите посочуваат дека имало и случаи на затруени со солзавец кој го користела полицијата.

На улиците на венецуелската престолнина Каракас во моментов е мирно, пренесува Reuters, додавајќи дека нема никакви сигнали дека опозицијата планира да ја преземе власта со вооружена сила. И поради тоа, што изостана одговорот на нејзиното очекување дека делови од полицијата и војската ќе преминат на нејзината страна.