Специјалниот американски пратеник за Авганистан би требало да престане да ги повикува авганистанските борци да го положат своето оружје, туку да ги убеди САД да стави крај на користењето сила, порачаа во петокот авганистанските талибани.
Американскиот дипломат роден во Авганистан, Залмај Калилзад, ја започна шестата рунда од преговорите со радикалните исламисти талибаните во Катар оваа седмица во обидот да се стави крај на најдолгата американска војна.
„Им нагласив на талибаните на отворањето на преговорите дека авганистанскиот народ, нивните браќа и сестри, сакаат да се заврши оваа војна. Време е да го положат оружјето, да го запрат насислството и да го прегрнат мирот“, напиша на Twitter Калилзад.
Портпаролот на талибаните Забиула Муџахид одговори со серија остри твитови.
„Можете да ја заборавите идејата за полагање на оружјето… Наместо такви фантазии, идејата за престанување на употреба на сила и остварување на натамошните човечки и финансиски загуби за пропаднатата администрација во Кабул би требало да им ги пренесе на своите во САД“, напиша Муџахид.
Портпаролот на талибаните додаде дека САД би требало да престанат да ги повторуваат неуспешните стратегии, а истовремено да очекуваат поинакви исходи.