Заводот за статистика објави пад на градежништвото во февруари 2019 година од цели 15 отсто. Навистина поразителни резултати. Нема инвестиции, нема изградба на инфраструктура, а и тоа што беше изградено, неможе ниту да се доврши ниту да се пушти во употреба.
Автопатот за Штип сеуште не е пуштен, патот за Сопиште, а да не зборуваме за автопатот Кичево- Охрид. Во градот Скопје не се гради ниту еден капитален проект, а како да се гради кога градоначалникот наместо да работи се шета во Барселона и си гледа лига на шампиони, пишува во Фејсбук статусот на Комисија за финансии на ВМРО – ДПМНЕ.