Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во петокот со допис до медиумите ја поздрави „експедитивноста“ на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која отворила два предмета во врска со концесиите за малите хидроцентрали во кои удел има лидерот на партијата Христијан Мицкоски, и воедно ја охрабрува Комисијата да испита како премиерот Зоран Заев и неговото „земјоделско“ семејство стасале до сопственоста која се проценува на повеќе милиони евра, од градби, претпријатија до возен парк со лускузни лимузина
,„Повторно ја нагласуваме отвореноста да се испитаат сите аспекти за кои постои интерес. Воедно ја охрабруваме со истиот жар, ентузијазам и експедитивност да го испитаат и имотот на премиерот Зоран Заев од просечно земјоделско семејство стигна да вреди неколку милиони евра, како Заев го изгради ‘Глобал’ за што беше амнестиран, а Заеви стигнаа до возен парк составен од ‘Бентли’ и ‘Мајба’х. И како судот го ослободи, поточно амнестираше Заев од случајот ‘Поткуп’ каде се гледа како на видео бара мито“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ
Воедно, порачуваат натаму од опозициската партија, по истиот допрен глас, кој за антикорупциската комисија семтаат дека реба исто да вреди како оној на власта, бараат да се испитаат повеќето дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Кочо Анѓушев, да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Дамјан Манчевски, и фирмите за марихуана на семејството Заеви.
„И кога не би бил последниот ден од кампањата, и кога Заев не би ги злоупотребувал институциите за ваков смешен политички маркетинг со цел да го покрие поразот, би го повикале заспаното обвинителство да поведе постапка против Зоран Заев за кривично дело – Спречување на истрага, за двајца негови функционери за што постои и јавно признание од премиерот. Допрениот глас беше емитуван во емисијата на телевизијата 24, а доколку не ја виделе од обвинителството, веројатно ангажирани да го следат партискиот портпарол на власта, ние им стоиме на располагање да ја дадеме снимката од истото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено проачуваат дека партискиот челник Мицкоски, стои на располагање за расветлување на сите поединости ои се поврзани со наводната истрага на ДКСК.