Папата Франциск ги избриша Кирил и Методиј од Македонија и ги запиша во Бугарија

Во своето обраќање испратено до бугарската јавност ден пред официјалната негова посета на Бугарија, којашто започна во саботата поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, ја означи Бугарија како татковина на светите браќа Кирил и Методиј.

Драги браќа и сестри од Бугарија, со божја помош за неколку дена ќе бидам меѓу вас. Да дојдам во Бугарија, за мене и за моите соработници ќе биде едно поклонение под знакот на верата, на единството и на мирот, зашто вашата земја е родина на сведоци на верата уште од времето кога светите браќа Кирил и Методиј таму го ширеле Евангелието. Нивниот труд беше многу корисен, зашто донесе многу плодови и во тешките моменти на минатиот век. Многупати тоа беше повторувано од Свето Јован Павле II, кој работеше толку многу, за да може Европа повторно да ја открие силата на Христа и за да може одново да дише со двата бели дроба. По неговите стапки ќе ја имам честа да се сретнам со Неговото Парвосвештенство Патријархот и со Светиот синод на Бугарската православна црква. Заедно ќе ја изразиме желбата да го следиме Господа Исуса по патот на братското заедница меѓу сите христијани…, го цитира посланието порталот Република.мк.

И само еден поглед е доволен за да се направи разлика меѓу ова и обраќањето до македонската јавност пред посетата на Скопје. А, може да се види дека светите браќа Кирил и Методиј се споменуваат само во обраќањето до бугарската јавност, но не и во тоа за македонската, се додава во инфроамцијата на Република.

Едноставно, папата Франциск ги „избриша„ браќата Кирил и Методиј од Македонија или Северна Македонија, како што тој пишува, и ги запиша во Бугарија. Иако солунски браќа, според него, тие таму, во Бугарија, ама не и во Северна Македонија го ширеле Евангелието. А, античка, грчка или како сакате наречете ја Македонија не ја ни споменува.