
Триесет и седум луѓе од 78 патници и членови на екипажот ја преживеаја несреќата којашто во неделата вечерта по локално време се случи на московскиот аеродром „Шереметјево“, кога се запали патнички авион кој принудно слетал набрзо по полетувањето, а точната причина за несреќата сѐ уште не е позната.
Рускиот патнички авион од типот „Sukhoi Superjet 100“ на водухопловната компоанија „Аерофлот“ со 73 патници и пет членови на екипажот полетал од Москва кон Муирманск, но по набрзо по полетувањетпо побарал одобрување на процедурата за итно слетување. Поради лошите временски услови на аеродромот „Шереметјево“, екипажот успаел принудно да го спушти авионот од вториот обид. Кога слетал избувнал голем пожар на моторите. Првичните информации говореа дека авионот бил погоден од гром, како што изјавуваат патници, но досега нема потврда за удар на молнја како можна причина за трагедијата.
Првите вести говорите и само за повредени, и дека еден дел од патниците останал во авионот. Снимките објавени на социјалните мрежи покаживаа евакуација на патниците преку помошните водушни лизгалки. Но потоа бројот на жртвите почна да се зголемува, а медиумите повикувајќи се на Истражната комисија доцна ноќта објавија за 41 жртваи 37преживеани.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната. Не е јасно и дали на авионот уште во водухот избувнал пожар.
„Летот Су-192 полета според планот во 18,02 часот. По полетувањето екипажот пријави проблем и донесе одлука да се врати на аеродромот. Во 18,30 часот авионот успеа принудно да слета по што избувна пожар“, се наведува во соопштението на аеродромот „Шереметјево“.
Пожарот набрзо бил ставен под контрола по што било видливо дека задниот дел целосно изгорел, додека предниот делл од авион е во подобра состојба.
Анонимни извори за медиумите рекле дека авионот слетал со полн резервоар за горивото, бидејќи било опасно да се изведе маневрата за празнење над Москва. Поради тоа веднаш е покрената истрага за кршење на прописите за безбедноста.
Премиерот Дмитриј Медведев нареди формриање владина комисија за истрага, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот Владимит Путин им изразил сочувство на семејствата на жртвите.
Моделот „Sukhoi Superjet 100“ беше првиот патнички авион во постсоветска Русија и е конкурент на бразилскиот „Embraer“ и канадскиот „ Bombardier“, но откако почна да лета во 2011 година поради опструкции од западните воздухопловни гиганти тешмко продира на пазарите надвор од поранешните советски републики.