Мисајловски: Позитивната мисла и добрината да бидат водилка на секој еден од нас

Позитивната мисла и добрината да бидат водилка на секој еден од нас. Посета на Папата Франциск. Скопје, Република Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот Фејсбук, кој заедно со Гордана Силјановска Давкова и генералниот секретар на партијата денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје ја следат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Македонија.