
Ракометарите на Вардар во вторникот на пладне го добија својот противник на финалниот турнир на четирите најдобри екипи во годинешната ракометна Лига на шампионите кој Ф4 во Келн на 1-ви и 2-ри јуни.
Екипата на Барселона Ласа ќе биде првата пречка за македонскиот шампион на патот до новиот трофеј. Во второто полуфинале ќе се соочат унгарскиот Веспрем и полскиот претставник Киелце.
Интересно е што сите овие екипи беа дел од А групата сезонава, и со сите „вардарци“ веќе имаат играно.
Ова ќе биде десетти јубилеен Фајнал Фор, а интерсно е што првпат на завршниот турнир нема да има француск ниту германски клуб.
Од четирите клубвови кои годинава ќе се судрат во Келн, три веќе ја имаат освоено титулата – Барселона, Вардар и Киелце. Барселона е рекордер со 9 титули и 13 финални мечеви, додека Вардар и Киелце славеа по еднаш. Веспрем сѐ уште нема титула, иако веќе трипати ограше во финалето, во 2002, 2015 и 2016 годин