
Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус рече дека верува дека сирискиот режим користел хемиско оружје, вклучувајќи и хлорин во 14 напади од крајот на 2013 година.
Имаме доверливи сведоци за употреба на хемиски агенси од октомври 2013 година, најмалку 14 пати – рече Фабиус на конференцијата за новиинари во текот на официјалната посета на Вашингтон. Фабиус го изрази жалењето на Париз што претседателот на САД, Барак Обама не успеа да ги изведе нападите на сирискиот режим, со што би го казнил за употребата на гасот сарин во близина на Дамаск, во август минатата година, кога починаа неколку стотици луѓе. Обама се закани со воздушни напади на сириските постројки, доколку сирискиот претседател Башар Ал-Асад ја прејде „црвената линија“ , а тоа е да корисит хемиско оружје против сопствениот народ. Претседателот на САД подоцна се откажа од овие зацртани цели.
„Жалиме зради тоа што сметаме дека тоа би променило многу работи … Меѓутоа што е сторено, сторено е“ – рекол Фабиус.
„Додека Асад предаде околу 92 отсто од залихите од хемиското оружје на уништување, ние имаме полно елементи кои не доведуваат до верување дека извесен дел од тоа оружје е сокриен – рече шефот на француската дипломатија.
Меѓународната организација за човекови права (Human Rights Watch) соопшти дека има „силни докази“ дека сириската војска користела гас хлор против побунениците во неколку градови минатиот месец. „Дкоазите силно укажуваат на тоа дека сириските владини хеликоптери испуштале експливни барел бомби со прицврстени цилиндри хлор во три градови на северот од Сирија во средината на апри 2014 година“, се наведува во соопштението на оваа организација.
Во соопштението се додава дека заклучокот е изведен од разговорот со очевидци, видео снимки и фотографии од местото на настаните.
Според разни извештаи, хлорот е користен во судирите на сириската војска и бунтовниците близу градот Кфар Зејта од 11 до 13 април. Две лица погинале, а околу 100 се повредени во тој напад, за кој Дамаск ја обвини исламистичката група Џабат ал-Нусри, огранок на Ал Каеда во Сирија и Либан. Повеќе од 92 отсто од сириското хемиско оружје е отстрането од земјата, соопшти Организацијата за забрана на хемиското оружје минатиот месец.