
Во денешната емисија „Топ Тем“ гостуваше и Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коаицијата „За подобра Македонија“ во реплика на Мухамед Зекири посочи дека власта не направи ништо да дојде до помирување и балансирање на политичките елити, туку покажаа селективно помирување.
-Власта покажа селективно разбирање за помирување, давајќи селективна амнестија за своите проекти да поминат. Тоа не беше чин кој што понуди некакво помирување или некое балансирање на политичките полирализации на општо ниво. Но одговорноста е на власта и ќе видиме во следниот период како ќе се однесуваат, истакна Милошоски.