Поранешна директорка ја оштетила градинката за милионски суми

Поранешната директорка на детската градинка „Младост“ во Тетово доби кривична пријава бидејќи во повеќе наврати ја злоупотребила својата функција.

Таа преку сметководствената служба на градинката исплатила фактури на повеќе фирми за наводно извршени различни работи-набавка на артикли,  набавка на играчки, заштитна опрема, одржување веб-страница, вршење поправка и санација на градинката и сл. Исто така, пријавената спротивно на Законот за јавни набавки од фирма од Тетово набавила поголема количина на нафта и во име на градинката склучила договори со оператор за четири претплатнички броеви кои ги користеле членовите на нејзиното семејство.

На овој начин, пријавената ја оштетила детската градинка за износ од 4.921.702 денари.