
Специјалното јавно обвинителство има индиции за тоа како се случувале кумановските настани, но нема разговори за тоа, изјави првиот човек на СЈО, Катица Јанева одговарајќи н новинарско прашање.
Со оглед на тоа дека сѐ уште нема „бомби“ случајот „Диво насеље“ , не е сигурно дали ова Обвинителство ќе може да воспостави надлежност врз овој предмет.
Предистражна постапка има, но ќе биде многу тешко да се воспостави надлежност. Прашањето е дали и воопшто СЈО ќе може да го преземе овој предмет, вели Јанева.
Овој предмет, за кој Основниот суд Скопје 1 донесе пресуди со високи затворски казни се наоѓа во жалбена постапка и се чека Апелацискиот суд во Скопје да закаже јавна седница.