Уште една „луда“ англиска ноќ во ЛШ, Тотенхем првпат во финалето

Во финалето од фудбалската Лига на шампионите на 1-ви јуни на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“ ќе играат Ливерпул и Тотенхем, откако лондонскиот клуб во средата вечерта во Амстердам со 3:2 беше подобар од Ајакс и го анулираше домашниот пораз од 0:1 во првиот дуел од полуфиналето.

Откако Ливерпул во неверојатната вторнична вечер надомести три гола заостанување против Барселона и со 4:0 избори финале, и другиот англиски полуфиналист Тотенхем на уште „полуд“ начин во Амстердам го победи Ајакс со гол постигнат буквално во последната секуна од мечот, надоместувајќи го заостанувањето од еден погодок во двомечот со најпријатното изненадување сезонава во Лигата на шампионите. Младиот и неафирмиран тим на Ајакс претходно ги елеминираше Реал Мадрид и Јувентус.

Ајакс по првото полувреме имаше водство до 2:0 со головиет на Матијас Де Лигт во 5 и Хаким Зијех во 35 минута, но Тотенхем во првите половина час од второто полувреме се врати во игра со двата гола на Лукас Моура во интервал од само три минути, во 55 и 59 минута. Домашните можеа да дојдат во ново водство но Зијех во 78 минута ја погоди стативата, а во 87 минута во дирекот биеше и бекот на Тотенхем, Јан Вертонген. И кога се чинеше дека „Копјаниците“ по долги години повторно ќе играат за врвот на фудбалска Европа, Моура со својот трет гол вечерва го однесе овој состав на „Спарс“ во клупската историја.

Тотенхем стаса до својот наголем успех во историјата – првото финале во најелитното континентално натпреварување со голот во последната секунда од петтата последна минута од судиското продолжување. Тотенхем со овој подвиг стана само втората екипа во историјата на Лигата на шампионите која во полуфиналето во првиот меч на свој терен загубила, а потоа победила во реваншот на гостувањето.

Од 17-те екипи кои во полуфиналето од Лигата на шампионите во првиот меч загубиле дома, досега само една во реваншот славела на гостувањето и влегла во големото финале. Тоа беше токму Ајакс во 1996 година, кога во првиот меч во Амстердам од грчки Панатинаикос загуби со 0:1, но во Атина славеше со 3:0, а во финалето потклекна пред Јувентус.

Тотенхем го оствари најголемиот успех во најквалитетното европско натпреварување. Досега само еднаш има стасано до полуфиналето, пред 57 години кога е елиминиран од португалска Бенфика. Но „Спарс“ досега двапати ги имаат освојувано некогашните Куп на УЕФА во 1972 и 1984 година, а еднаш и Купот на победниците на куповите во 1963 година. Ливерпул, пак, досега одиграл осум финални дуели во Лигата на шампионите но последен пат ја освои во 2005 година, а лани беше поразен од Реал Мадрид.

Англија досега само двапати имала двајца претставници во финалето на Лигата на шампионите. Во 2008 година Манчестерт Јунајтед во Москва беше подобар од Челзи.