Американскиот претседател Доналд Трамп е убдеден дека кандидатот на Демократската партија со кој ќе се соочи на претседателските избори во ноември 2020 година ќе биде или поранешниот потпретседел Џозеф Бајден и сенаторот Берни Сандерс, и двајцата седумдесетгодишници како него.
„Според моето мислење, предизборите ќе се одгиграат меѓу Успаниот порочен Џо и Налудничавиот Берни. Сите други исчезнуваат со брзина на светлината“, напиша на твит во петокот наутро меѓу две пораки за трговските преговори со Кина американскиот претседател Доналд Трамп алудирајќи притоа на дваесетината демократи кои најавија кандидатура за партиската номинација.
Неколку седмици наназад републиканскиот претседател често го напаѓа Џо Бајден, поранешниот потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама, што би можело да значи дека го смета силен противник.
„Долго го познавам, тој е помалку млитав. Тој нема да може да се носи со кинескиот претседател Кси Џинпигн, тоа можам да ви го кажам. Тоа е второ ниво на енергија и, да бидам искрен, на интелигенција“, објасни кон крајот на април Трамп на Fox News.
Бајден пред извесно време, исто така, беше цел на напади во медиумите поради неговото наметливи и непристојно однесување кон жените.