Лавров: Украина е на раб на граѓанска војна

Украина е на работ од граѓанска војна, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Кога Украинци убиваат Украинци се смета дека е блиску граѓанската војна. Во источниот и во јужниот дел на Украина има вистинска војна со тешко оружје. Ако тоа е погодно за слободни и фер избори, тогаш не знам што значи фер и слободно, истакна Лавров.

Во Украина за 25 мај се закажани предвремени претседателски избори.