
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ , Антониот Милошоски на прес конференција во Собранието , веднаш по свечената седница за инаугурација на новиот претседател , Стево Пендаровски , рече дека тој има политичка хипотека.
,, Голем број луѓе не гласаа за него и не ја дадоа довербата , но тој доби политички кредит од полтичари и партии , кои ќе очекуваат тој кредит да им се врати. Враќањето на тој кредит нема да биде од Пендаровски , а во следниот период ќе видиме кои сметки ќе стигнат на сметка на државата , Владата и на институциите , рече Милошоски.
Тој се осврна на недоаѓањето на премиерот Зоран Заев на свечената инаугурација и рече дека не станува збор за болест или друг итен проблем и оти тоа е многу чудно.