Глобалните политички прашања во фокусот на средбата Трамп-Орбан (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп му посака добредојде на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа.

На средбата со новинарите, Трамп посочи дека Орбан направил многу за Унгарија, чувајќи ја безбедна.

Американскиот претседател најави дека со Орбан ќе разговараат за НАТО, но и за трговија.

Орбан се заблагодари на поканата и додаде дека во фокусот ќе биде зацврстување на стратешкото партнерство помеѓу двете држави.

И двајцата се согласија дека имаат сличен пристап кон глобалните политички прашања, како што е прашањето за илегалната миграција и справувањето со тероризмот.