
Невреме и во Хрватска! Во северозападниот и источниот дел на земјата е објавен црвен највисок степен на предупредување.
Црвениот аларм значи дека времето е опасно и дека се можни големи штети и несреќи на поголеми површини.
Во Хрватска се очекува да дува ветер со бризна од над 75 километри на час и да наврнат 40 литри дожд на метар квадратен.
Издадено е предупредување до граѓаните и апел да ги слушаат наредбите и да бидат подготвени на вонредни околности.