Полиција идентификуваше и приведе пет лица кои биле вмешани со вчерашните инциденти на ракометниот натпревар меѓу екипите на „Вардар“ и „Металург“, информира Министерството за внатрешни работи.
Едно лице е приведено пред започнување на натпреварот додека другите четири лица се приведени за време на самиот натпревар во Спортски центар „Борис Трајковски”.
Пред отпочнувањето на спортскиот натпревар, околу 17,15 часот, во близина на базенот „Борис Трајковски“ пред започнување на ракометниот натпревар, 20-годишниот С.Ѓ., откако претходно конзумирал алкохолни пијалоци го нарушил јавниот ред и мир, омаловажувајќи ги полициските службеници и обраќајки им се со вулгарни и недолични зборови .
За време на одигрувањето на меѓународниот спортски натпревар, од страна на навивачката група „Комити“ нарушен е јавниот ред и мир, лицата откако претходно се довеле под дејство на алкохол, почнале за палат и фрлаат во натпреварувачкиот простор повеќе пиротехнички средства, петарди, метални предмети со што направиле прекршок, по што идентификувани и приведени се И.П.(22), А.М.(25), Ј.М.(33) и А.М.(31).
На сите пет приведени лица издадени им се платни налози за сторен прекршок.