Дождот кој што вчера попладнето обилно почна да врне во Битола ги поплави улиците во населбата Боримечка.
Фотографиите се од улицата Индустриска. Всушност, тука минува Курдерес – реката каде што се влева фекалната канализација од цел град.
Доколку врнежите продолжат со истиот интензитет веројатноста за изливање и поголеми штети во домовите е голема.
Граѓаните се самоорганизираат и прават насипи, додека надлежните никаде ги нема.