ВИДЕО: Балканот се удави во поплави, две жртви во Србија

Повеќе балкански држсви се зафатени од силно невреме и поројни дождови кои предизвикаа поплави и големи материјални штети. Во поплавите во Србија животот го загубија две лица.

Во шестнаесет општини во Србија е прогласена вонредна состојба.

Во Умчари вчеравечер се удавил човек кој не ги почитувал советите од надлежните органи кои барале од него да се евакуира од куќата. Денеска поплавите ја зедоа и втората жртва во Србија. Пожарникар од Топола, утринава загинал во акција за спасување во реката Јасеница, кога му се откачила безбедносната сајла.

FoNet-REGIONI-ODRON

На територијата на Белград веќе наврнаа 55 литри вода на квадратен метар, што е колку и месечниот просек на врнежи. На одделни линии во Белград  возилата на градскиот превоз од утрово сообраќаат на изменети траси поради преголемата количина на вода по улиците и шините.

Основните и средните уилишта во Белград денеска не работат, јавуваат тамошните медиуми.

Најкритична е ситуацијата во Колубарскиот и во Мачванскиот округ од каде се евакуирани 60 луѓе. Исклучително драматична е ситуацијата во Ваљево каде се излеа реката Колубара и создаде големи проблеми за жителите на градот.

s1

По оштетувањата на пругата Белград – Бар на делницата Словац-Т од синоќа е запрен железничкиот сообраќај. Сообраќај не се одвива и на дел од Ибарската магистрала, помеѓу Чачак и Милановац.

Низ цела Србија евакуирани се вкупно 500 лица.

Силно невреме ја зафати и Хрватска. Црвен највиок степен на предупредување е објавен во северозападниот и источниот дел на земјата.

c1329706-311b-45a4-91eb-9041fed95d12

Црвениот аларм значи дека времето е опасно и дека се можни големи штети и несреќи на поголеми површини. Во Хрватска се очекува да дува ветер со брзина од над 75 километри на час и да наврнат 40 литри дожд на метар квадратен. Издадено е предупредување до граѓаните и апел да ги слушаат наредбите и да бидат подготвени на вонредни околности.

Последниве 48 часа се забележани рекордни врнежи и во Босна и Херцеговина, во последните 120 години. Во источните и централните подрачја на БиХ наврнале околу 100-150 литри на метар квадратен.

Поради поплавите без струја останале делови од Тузла, Зеница, Живница, Лукавац, Сребреник, Грачаница, Олово и други општини.

1a

Исто така во прекин е и трамвајскиот сообраќај поради зголеменото ниво на реката Милјацка на локацијата кај мостот Чумурија.

Прва голема акција била спроведена на подрачјата на Шекович, Олово и Кладња, каде биле евакуирани 12 лица, од кои шест деца. Пилотите на вооружените сили на БиХ успеале со хеликоптери да стигнат до загрозените и да ги евакуираат.