
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа денешниот празник 24 мај Денот на светите просветители Свети Кирил и Методиј. Со повеќе настани и активности ширум Реублика Македонија, Унијата на жени го чествуваше државниот празник, организирани беа трибини, посети на локалните цркви како и положување на цвеќе на спомениците на просветителите ширум државата.
Пораката која испрати УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, преку организираните активности беше унисона, трагата која ја оставија светите просветители во светот е огромна, притоа тие го посочија нивниот космополитски код и национален идентитет кој денес го препознавамево ликот на Македонија и македонскиот народ.
Мисијата на светите браќа говори за фактот што денес тие се патрони на Европа, признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење и придонес во европската историја, но и култура.