Партиите на владејачката демохристијанско-социјалдемократска унија која ја сочинуваат Унијата на Христијанско-демократска унија (CDU) и Христијанско-социјалнта унија (CSU), со Социјалдемократската партија на Германија (SPD), според првите прелиминарни резултати претрпела големи загуби на изборите за Европскиот парламент, додека партијата Зелени остварила историски најдобар резултат не некои избори на сојузно ниво.
Унијата CDU/CSU според првите прелиминарни резултати освоила 21,8 отсто од гласовите со што и натаму има најмногу добиена поддршка, но тоа е губење на 8,3 отсто од гласовите во споредба со последните избори за Европскиот парламент пред пет години.
Најголемо губење гласови доживеале социјалдемократите за кои гласале 11,9 отсто помалку отколку на последните европски избор, што резултира со исход од 15,4 отсто и што е најслабиот резултат на SPD на некои избори кои се одржуваат на подрачјето на цела Германија.
Најголем прилив на гласови, пак, оствариле Зелените кои со 21,8 отсто од гласовите го оствариле својот најдобар резултат на некои сојузни избори. За Зелените гласале 11,1 отсто повеќе избирачи отколки пред пет години.
И евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) има зголемување на гласовите. За неа гласале 10,4 отсто од избирачите, што е за 3,3 отсто повеќе од последните европски избори пред пет години за кои и беше формирана. Сепак тоа не ги исполни очекувањата на партијата, а нејзиниот претседател Александр Гауланд за резултатот ги обвини „хаосот околу брегзитот“ и ткн „Ибица афера“ која ја лансираа германските медиум пред десетина дена против крајната десница во соседна Австрија.
Партијата Левица според прелиминарните нецелосни резилтати објевни малку пред 19 часот, остварила 5,6 отсто, а либералите од FDP 5,5 отсто од гласовите.
Излезноста на овие избори за Европскиот парламент изнесува 59 отсто, што е речиси 12 отсто повеќе отколку на изборите минатата година.