Разрешени сите потпретседатели и телата на СДСМ, Николовски нов генерален секретар

Разрешени се сите потпретседатели, Извршниот одбор на партијата, Форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар навладејчакта СДСМ, неофицијално се дознава од Централниот одбор кој во неделата вечер заседава во партиското седиште.

Потпретседатели на СДСМ до овој момен беа Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов.

Како што беше претходно објавено, нов генерален секретар на социјалдемократите е министерот за земјоделство Љупчо Николовски, на местото од досегашниот Александар Кирацовски.