
Социјалдемократската партија на Германија (SPD) го загуби лидерството во градот-сојузна покраина Бремен првпат по 73 години, а најмногу гласови на неделните избори за локалниот парламент освои Христијанско-демократската унија (CDU).
Поразот на SPD во овој традиционален бастион на социјалдемократите и лошиот резулат на изборите за Европскиот парламент може да доведат до големи промени во врвот на партијата, а во прашање е доведен и опстанокот на демохристијанско-социјалдемократскатра влада на сојузно ниво.
Според прелиминарните нецелосни резултати CDU во Бремен освоил 25,2 а SPD 23,6 отсто од гласовите. Партиајта Зелени освои 17,6, Левица 10,1 отсто, Алтернатива за Германија (AfD) 5,9 и Либерално-демократската партија (FDP) 5,3 отсто од гласовите.
Досегашната социјалдемократско-зелен коалиција во Бремен водена од градоначалникот од SPD, Карстен Зјелинг повеќе не е можна. Можна констелација е коалицијата на социјалдемократите, Зелените и Левица, што би било првото учество на реформираните комунисти од поранешната Источна Германија во власт во некоја од западните сојузни покраини. Втората опција е коалицијата меѓу CDU, FDP и Зелените, ткн „Јамајка коалиција“, која не успеа да се договори на сојуно ниво пред да биде формирана Големата коалиција за да се избегне повторување на парламентарните избори пред две години.
Според анализата на јавниот сервис ARD, во Бремен SPD загубил поради лошата економска ситуација во која оваа сојузна покраина-град се наоѓа подолго време. Во гласањето граѓаните повеќе се одлучувале за економските компетенции на партиите, а помалку за темиете кои преолвадуваат во остатокот од земјата, како што се миграциите или екологијата.
По губењето на 11 отсто од гласовите и со освоени само 15,6 отсто на изборите за Европскиот парламент, сѐ посилни се повиците за промена во врвот на SPD. „Оваа изборна вечер не може да мине без кадровски последици“, порача поранешниот челник на социјалдемократите, Зигмар Габриел.
Од почетокот на седмицата се шпекулира дека релативно новата претседателка на партијата, Андреа Нахлес, доколку оствари лоши резултати на изборите за Европскиот парламент и во Берлин , би можела да биде сменета. Аналитичарите проценува дека доколку замине Нахлес, би зајакнало левото крило во SPD кое бара излегување од владата и заминување во опозиција.
Во рамките на демохристијанската Унија CDU/CSU, пак, постојат стравувања дека доколку SPD претрпи пораз во Бремен, внатрепартискиот притисок врз челниците на социјалдемократите би бил преголем, што би предизвикало нивно истапување од коалициската влада, а со тоа и предвремени парламентарни избори.
Тоа, пак, би довело и до заминување на Ангела Меркел од политичката сцена во Германија. Младината на CDU и претходно бараше заминување на Меркел од канцеларската должност на половина од мандатот, но таа направи преседан и ја напушти челната функција во партијата но ние и во владата. Но во Брисел се шпекулира дека Меркел може да бидедури предложена и за некоја од високите позиции во новите институции на Европската унија.
Претставниците на партиите од владејачката коалиција ќе се сретнат од во понеделник попладне во кабинетот на канцеларката за да ги разгледаат натамошните чекори по неделните избори.