Лепен победи и на првите избори во француските затвори

EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Националниот собир (RN), од крајната партија на Марин Лепен, освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент, но постигна и најдобар резултат во француските затвори во кои се гласаше првпат во историјата.

Партијата, којашто во својата изборна прогрма се залага за јакнење на безбедноста, како и за поцврста борба против нелегалната имиграција и тероризмот, донила во затворите 956 гласови, односно 23,6 отсто, што е сличен резултат кој RN го оствари и на национално ниво.

Втора во партијата беше странката на радикалната левица Непокорна Франција (LFI) со освоени 19,7 отсто. Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење (LREM) е на третот место според популарноста меѓу затворениците со 9 отсто.

Првпат на затворениците им беше овозможени гласање преку пошта, во периодот меѓу 20-ти и 22-ри мај, а пребројувањето е вршено во министерството за правосудство.

Гласањето на затворениците преку пошта беше едно од предизборните ветувања на претседателот Макрон. Претходно затворениците можеа да дадат полномошно за гласање или да побараат дозвола за излегување за да отидат на ибиорачките места, но имајќи предвид дека тоа е тешко изводливо, нокогаш не доведе до поголема изнорна партиципација на оваа популација.