
На работната средба меѓу претседателот Ѓорге Иванов и комесарот за проширување Стефан Филе , биле размените мислења и информации во врска со евроинтеграцискиот процес на земјата, состојбата по изборите во Р.Македонија, актуелностите за процесот за името во Обединетите Нации како и за состојбите во регионот и добрососедските односи.
На средбата претседателот Иванов истакнал дека предолгото чекање за следниот исчекор во интеграциите не помага во забрзувањето на рефорите и надминување на забалешките од извештајот на комисијата, односно дека стаус кво состојбата создава фрустрации во нашето опшество, а тоа не е добро за Р.М. и за регионот како и за кредибилитетот за проширувањето на Европската Унија.
Председателот Иванов побарал на престојниот Совет на ЕУ и за Македонија да биде применет позитивниот пример на паралелно движење во евроинтеграцијата и надминување на билатералната разлика.
Еврокомесарот Фуле истакна реформскиот процес мора да продолжи со фокус на надминување на забелешките од извештајот на европската комисијата и ОДИХР, притоа додаде дека по завршувањето на европските избори е подготвен да го продолжи констуктивниот дијалог со председателот Иванов за предизвиците и можностите на земјата во наредниот период. На денешната средба комесарот Фуле му го честиташе реизборот на предеседателот Иванов и изрази задоволство од соработката од првиот мандат.
Инаку председателот Иванов попладне ке оставри средба и со првиот човек на Советот на Евопската Унија Херман Ван Ромпуј-јавува дописникот на нетпрес од Брисел.