Иран не гледа можност за преговори со САД

Техеран во моментов не гледа никава перспектива за преговорите со САД, изјави во вторникот портпаролот на иранскот министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Истакна дека иранските власти сметаат оти е неопходно да се почека на создавање поинакви услови и тоа да следи во натамошниот развој на ситауцијата.

„Во моментов не гледаме изгледи за преговори со Соединетите држави“, рекол Мусави во текот на брифингот со новинарите во вторникот, додавајќи дека Техеран во моментов нема никаква причина за да преговаа со некој од владините претставници на САД.

Изјавата на портпаролот на иранската дипломатија доаѓа ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави во дека е можен нов договор со Иран за неговата нуклеарна програма, додавајќи дека економските санкции влијаеле на намалувањето на иранските активности за кои Вашингтон тврди дека се поврзани со неодманешните напади врс саудиски танкери во водите на Блискиот исток.

„Навистина верувам дека Иран сака да постигнеме договор и мислам дека тоа е многу паметно од нивна страна и дека тоа е можност којашто ќе се оствари… Има шанси да станат одлучна земја држава под истото водство… Не сакаме да го премениме режимот, сакам да бидам јасен околу тоа. Ние сакаме да нема нуклеарно оружје“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Токио во текот на прес-конференцијата со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон пораснаа откако лани САД се повлекоа од меѓународниот договор кој Иран го потпиша со шесте светски сили во 2015 година и наметнаа нови санкции. Потоа САД го обвинија Иран дека стои зад саботажите врз нафтени танкери во Персискиот залив на почетокот од мај. САД во регионот испратија групации на носачи на авиони, бомбардери и дополнителни 1.500 војници, поради што зајакна стравот од директен судир.