Возачот на “Струмица експрес’ во домашен притвор

По сообраќајната несреќа од пред два дена во која автобус удри во воз, Штипското обвинителство, поднесе мерка домашен притвор за возачот Васил Ш. (54) кој се смета за предизвикувач на несреќата. Возачот вчера бил однесен на распит, но поради болки во градите и главата бил однесен во Штипската клиника, од каде е пратен на домашно лекување. Возачот на автобусот доби кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, а согласно кривичниот законик за ова дело е предвидена затворска казна до 10 години.