Преговорите на венецуелската влада и опозицијата во Осло завршија без договор

Претсавниците на венецуелската влада и опозицијата не успеаја да постигнат договор во преговорите во коишто посредуваше Норвешка, објави венуцелска опозиција.

„Оваа средба заврши без договор“, се наведува во изјавата на преговарачкиот тим на самопрогалсениот привремен претседател Хуан Гуаидо. Во изјавата се додава дека опозицијата останала на своите барања за оставка на претседателот Николас Мадуро, воспоставување преодна влада и организирање „слободни“ избори.

Владата на Мадур која не го споменува неуспехот на преговорите во Осло кој го прогласи опозицијата, ја изрази својата надеж да продолжи со преговорите. „Нашиот пат е дијалогот, почитување на уставот, демократијата и мирот (…) националниот соживот, развојот на решение на проблемот“, вели Мадуро во изјавата. Притоа додава дека 80 отсто од Венецуелците поддржуваат дијалог, а само „малцинството верува во државен удар и сака ‘гринго инвазија’“, алудирајќи на можна американска воена интервенција.

Норвешкото министерство за надворешни работи објави дека во Осло страните преговарале за „политичките, економските и изборните прашања“. Министерството во соопштение наведува дека се страните искажале „добра волја да се придвижат нанапред во потрагата по договорно и уставно решение“. „За да се сочува процесот кој може да донесе резултати, од страните е побарано да бидат крајни внимателни во коментарите и изјавите за процесот“, се додава во изјавата на норвешката дипломатија.

САД објавија дека „единствената работа за која би се раговарало со Николас Мадуро – условите за неговото заминување“. Норвешка во текот на викендот објави дека е домаќин на вториот круг од преговорите меѓу венецуелската влада и опозицијата, кои во средата доцна ноќта завршија без договор.