
Втор ден на профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со име Ел Чека се објавуваат аудио снимки со прислушуваните телефонски разговори до сегашни и поранешни функционери. Надлежните институции досега успеа само да го детектираат објавувачот, чиј профил и онака е јавен.
Најнадлежниот за спречување на објавувањето на нови материјали од незаконски прислушувани телефонски разговори Министерството за внатрешни работи, Специјалното јавно обвинителство и Јавното обвинителство засега без конкретни мерки.
Министер за внатрешни, Оливер Спасовски вели објавувачот е откриено, но нема одговор зошто не е и запрен преку барање за блокирање на профилот од Фејсбук.
„Нашиот сектор за компјутерски криминал веќе работи ние вчера информиравме дека е детектирано лицето кое што ги објавува и врз основа на постапките во обвинителството и со меѓународна полициска соработка се водат постапки за справување со овој случај. Се работи за едно лице кое што ги објавува“, вели Спасовски.
Од Јавното обвинителство велат се уште истражуваат кое е лицето кое ги објавува бомбите и дали сторил кривично дело. Специјалното Обвинителство, пак, се уште анализира дали разговорите кои се објавуваат во изминативе денови се материјали кои веќе ги поседуваат или се работи за разговори кои не биле предадени на СЈО.
Заев не слуша „бомби“
Премиерот Зоран Заев вели не знаел дека се објавуваат прислушувани телефонски разговори и не може да коментира во врска со новите „бомби“.
„Дали има или нема индиции зависи од тоа колку е очигледна работата или не е. Кога јас ги објавував „бомбите“ на најтранспарентен начин, секогаш зборував за индиција. Затоа и беа процесирани постапките, затоа беа предадени материјалите. Според датумите кога биле правени, по моја проценка, една третина од материјалите беа во наша сопственост, дел од тие што биле снимени во тогашната УБК една третина биле доставени до опозицијата. Добро е што денес има закони за тоа. Очекувам институциите да постапат, зашто финиширањето на Пржинската влада и договарањето беше и правна регулација на неовластеното пуштање во промет на снимки, особено во делот на приватноста“, рече Заев.
Џафери не сака ниту да слушне за „бомби“
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска нервозно реагираше на новинарско прашање што би сторил доколку се појават прислушувани телефонски со индиции за негова инволвираност во криминал.
Запрашан дали ќе постaпи како пратеникот Павле Богоевски, во случај за него да се објават снимки од прислушувани разговори во кои има индииции за криминал со оглед на тоа дека ДУИ станува таргет на објавување на бомби, Џафери рече дека не сака да коментира хипотетички ситуации ниту пак да се споредува со Богоевски.