Мајката која со месеци го бараше убиениот син доби пријава од премиерот Заев

Мајката на Италијанецот Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци бараше помош од Министерството за внатрешни работи за пронаоѓање на нејзиниот син, кој го пријави за исчезнат на 11-ти декември минатата година.

Трпковска организираше протести пред Собрание и акции на социјалните мрежи со цел побрзо да го пронајде својот син.

На последниот нејзин фејсбук статус вчера, Трпковска ги обвини МВР дека земаат одмори, додека таа трага по детето. Многупати посочи и дека доколку Пино бил дете на некој политичар, веднаш ќе бил пронајден.

И денес никој не е на работа!!! Сите по одмори!!! МВР спиете, се одморате. Да ви се плукнам на професионалноста. Вие сте жив срам!!! Ѓубриња невидени!!! На одмори шетате, а јас дете тражам. Ѓубриња сте!!! – напиша Трпковска на Фејсбук.

Мајката на Пино своевремено и јавно кажа дека добила пријава за вознемирување од премиерот Заев.

Контактирав, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpување, кажа Трпковска тогаш

Министерството за внатрешни работи  и Основнот јавно обвинителство денеска соопштија дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо Пино.