Арентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси со 12 погодоци е најдобриот стрелц сезонава во Лигата на шампионите, додека Португалецот Кристијано Роналдо е на чело на листата на најдобрите стрелци во историјата на ова натпреварување.
На второто место е напаѓачот на Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандовски со осум голови, а потоа следат четворица играчи со по шест погодоци: Аргентинецот Серхио Агуеро од Манчестер Сити, Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус, Малиецот Муса Мерега од Порто и Србинот Душан Тадиќ од Ајакс.
Рекордер во Купот/Лига на шампионите е Кристијано Роналдо, кој досега има постигнато 126 голови во настапите за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Втор е Лионел Меси кој за Барселона досега постигна 112 погодоци.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИТЕ 2018/19
12 – Лионел Меси (Арг / Барселона)
8 – Роберт Левандовски (Пол / Баерн)
6 – Серхио Агуеро (Арг / Манчестер Сити)
6 – Кристијано Роналдо (Пор / Јувентус)
6 – Муса Марега (Мали / Порто)
6 – Душан Тадиќ (Срб / Ајакс)
5 – Андрег Крамариќ (Хрв / Хофенхајм)
5 – Пауло Дибала (Арг / Јувентус)
5 – Нејмар (Бра / Пари Сен Жермен)
5 – Един Џеко (БиХ / Ром)
5 – Хари Кејн (Анг / Тотенхем)
5 – Лукас Моура (Бра / Тотенхем) …
ВКУПНО
126 – Кристијано Роналдо (Пор / Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус)
112 – Лионел Меси (Арг / Барселона)
71 – Раул (Шпа / Реал Мадрид, Шалке)
60 – Карим Бензема (Фра / Лион, Реал Мадрид)
56 – Руд ван Нистелрој (Хол / ПСВ, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид)
50 – Тиери Хенри (Фра / Монако, Арсенал, Барселона)