ВМРО-ДПМНЕ: Две години државата има највисок буџет во историјата, а ништо не е подобрено

СДСМ и Зоран Заев ја уништија македонската економија и ги осиромашија граѓаните. Работата на владата за изминатите две години ја бележи неспособност, криминал и корупција. Додека цела Европа бележи економски раст, сидрото на Зоран Заев ја закотви македонската економија убедливо на европското дно. За овие две години со СДСМ, Македонија има раст од мизерни 2,05% кои се многу далеку од 5 или 7% кои Заев ги ветуваше, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:

„Со секојдневните задолжувања на СДСМ долгот на државата е зголемен за нови над половина милијарда евра. Како резултат на задолжувањата, јавниот долг веќе изнесува повеќе од 5 милијарди евра и за прв пат ја надмина психолошката граница од над 50% од БДП. За две години СДСМ потроши повеќе од 9 милијарди евра буџет, а граѓаните не видоа никаков бенефит. Две години со ред државата ги има највисоките буџети во историјата, а ништо не е подобрено, напротив се е влошено и никој не знае каде завршуваат парите на граѓаните.“

-Никаде ги нема новите болници, училишта и студентски, а ги нема ни толку најавуваните 600 километри нови нов автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта. За неработата на власта во инфраструктурата говори и фактот што автопатот Штип – Миладиновци кој ВМРО-ДПМНЕ го остави во завршна фаза, СДСМ не се способни повеќе од две години да го пуштат во употреба, дополнуваат од партијата.

-Неспособната власт на СДСМ има најниска реализација на капитални инвестиции во историјата на државата. За првите 4 месеци во 2019 тие изнесуваат 9,83% што е полошо од минатата година која беше најлошата година по реализација на капитални инвестиции. Потврда за неработатата и неспособноста на СДСМ дадоа и германските инвеститори во Македонија кои работата на власта во полето на економијата ја оценија со нула. Како последица на лошите политики висината на странските инвестиции во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал од минатата година, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и подвлекуваат:

„Во овие две години сведоци сме на падови на сите економски полиња, а единствено што расте со се криминалот, корупцијата и бизнисите на функционерите од власта. СДСМ покажа дека не знае да обезбеди економски раст и да го подобри животот на граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ државата не може да има напредок, токму затоа неопходно е СДСМ веднаш да си замине за Македонија и граѓаните да одат напред.“