Вардарци порачуваат: Победниците никогаш не се предаваат!!! (ФОТО)

Вардар вечерва од 18 часот против Веспрем игра за својата во втора титула во Лигата на шампионите.

Вчерашната голема победа над Барселона со 29-27 го одведе македонскиот шампион во борба за круната на Европа.

Играчите и навивачите на Вардар се под импресии од синоќешното лудило во Келн.

На својата официјална фејсбук страница, Вардар го најави големиот меч за пехарот со силна порака: „Победниците никогаш не се откажуваат“.