Во Србија започна мултинационалната воена вежба „Платинест волк 19“

Во воената база „Југ“ крај Бујановац на југот од Србија во понеделникот започна мултианционалната воена вежба „Платинест волк 19“, а во вежбовните активности учествуваат околу 500 припаднции на вооружените сили на Македонија, САД, Велика Британија, Бугарија, Унгарија, Италија, БиХ, Словенија, Романија и домаќинот Србија.

Во вежбата за којашто е одбрана темата „Тактики, техники и процедури во мултинационалните операци – неубиствено оружје“, припадниците на војските на земјите учеснички ќе ги увежбуваат процедурите во тек на ангажирања во милтинационални операции и дејствија и постапки во меѓународно окружување, соопшти српското министерство за одбрана.

Вежбата ќе трае до 19-ти јуни, а нејзината цел е дасе „унапреди интероперабилноста и меѓусебното разбирање на припаднциите на војските на партнерските земји на тактичко ниво во текот на поддршка на мирот во меѓународно окружување“, се наведува уште во соопштението.

Според наводите во белградските медиуми, споредбите последните неколку години покажуваат дека Восјката на Србија сразмерно често вежба со западните партнери. Така, во 2015 година биле одржани 24 вежби со странски партнери, од кои само две со руската војска, а 22 со западните партнери. Се наведува и дека од почетокот на 2016 година се реализирани 116 активности на воена соработка со НАТО, од кои 90 само со САД.