ОВЕН
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, очекувајте дека денот ќе ви биде успешен и дека финансиите ќе ви одат на подобро.
Љубов: Повремено се сомневате во своите емоции кон саканата личност и имате впечаток дека вашата врска е во криза.
Здравје: Проблеми со стомакот.
БИК
Работа: Ве очекува работно патување на кое нема да бидете претерано задоволни.
Љубов: Ново познанство во вас буди несигурност, понекогаш се чувствувате како да имате недостаток на самодоверба, а ни самите не знаете зошто.
Здравје: Водете сметка околу синусите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немате недостаток на пари колку што имате недостаток на идеи. Останувате на својата работа која моментално ја имате без оглед каква е.
Љубов: Ве привлекува некоја помлада личност. Исклучителната енергија која ја имате ви влева надеж дека може да очекувате дека во следниот период ќе се случи нешто посебно.
Здравје: Занимавајте се со физичка активност.
РАК
Работа: Доаѓате до мала заработка. Не е тоа што сте очекувале, а тоа во вас буди одредено незадоволство.
Љубпов: Имате впечаток дека вашата врска не оди во правец во кој сте се надевале дека ќе оди.
Здравје: Проблеми со штитната жлезда.
ЛАВ
Работа: Можен е пад на концентрацијата и некои грешки кои ќе вие ќе ги направите на пова поле.
Љубов: Немојте да претерувате со своите реакции. Наклонети сте кон караници и не ви е лесно да ја смирите ситуацијата.
Здравје: Вртоглавица.
ДЕВИЦА
Работа: Имате некои идеи за нова работа, но како да немате доволно енергија сега да ги спроведете во дело.
Љубов: Ви се допаѓа една многу стравствена личност со која сте оствариле посебна врста на емотивен однос.
Здравје: Водете сметка околу циркулацијата.
ВАГА
Работа: Не сте сигурни кој потег би требало да го повлечете на работното поле за да ги решите проблемите кои ве оптоваруваат.
Љубов: Ве очекува опуштена комуникација со емотивниот партнер.
Здравје: Солидно.
ШКОРПИЈА
Работа: Напредувањето на работа кое го посакувате ќе се одложи малку.
Љубов: Иако ви делува дека саканата личност сака се со вас, одеднаш се повлекува, а вие не знаете зошто.
Здравје: Забите ви се чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Можно е да ве очекуваат нови изненадување на полето работа, околностите се менуваат многу неочекувано.
Љубов: Не сакате да влегувате во нова врска. Слободата ви одговора, уживате со пријателите и задоволни сте.
Здравје: Добро се чувствувате.
ЈАРЕЦ
Работа: Опкружувањето не ви е наклонето и имате многу непријатели на работа. Денеска ќе имате малку непријатности.
Љубов: Можно е со саканата личност да имате компликации и дека односот ќе ви биде отежнат.
Здравје: Чувствителност во коските.
ВОДОЛИЈА
Работа: Може да имате среќа при решавање на проблемите кои на ова поле ги имате од порано.
Љубов: Ви се допаѓа личност со која имате пријателски однос. Не ви е лесно отворено да и ги покажете чувствата.
Здравје: Можна слаба циркулација.
РИБИ
Работа: Пред вас се среќни околности во кои добро ќе се снајдете. Работната атмосфера ви оди од рака.
Љубов: Лесно би можеле да се впуштите во нова врска. Подготвени сте на полето љубов малку да експериментирате.
Здравје: Занимавајте се со спорт.