Во последните две години по спроведените мерки и реформи забележано е сериозно придвижување на економијата.
Од минусното салдо од -1,8 отсто во вториот квартал од 2017 година, во четвртиот кваертал од 2018 година забележан е раст од 3,7 отсто на БДП, се вели во вчерашното соопштение на СДСМ.
„Јавниот долг е стабилизиран, фреквенцијата на задолжувања е намалена, а сериозно се намалени и каматните стапки, влезени се 20 нови странски инвестиции, а во 2018 е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.Само во 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места, што придонесе стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто. Растат платите во сите сектори, а просечната плата во 2018 година бележи пораст од 5,9 отсто.“, стои во соопштението.