Во Сингапур кабини за пушачите на улица

Новите кабини се опремени со систем на филтрирање кој го прочистува чадот од цигарите пред тој да се испушти во воздухот, а во нив можат да седат 10 лица одеднаш.

Пушачите во Сингапур повеќе нема да мораат да се кријат на улиците бидејќи владата одлучи на постави пушачки кабини со вентилација. Првите корисници не се воодушевени. Градот-држава Сингапур има еден од најстрогите антипушачки закони во светот. Пушењето е забрането на речиси сите јавни места, а казните изнесуваат до 1.000 сингапурски долари (околу 40.000 денари)

Забраната подеднакво се однесува и на електронските цигари. Новите кабини се опремени со систем на филтрирање кој го прочистува чадот од цигарите пред тој да се испушти во воздухот, а во нив можат да седат 10 лица одеднаш.

„Искрено, задушливо е, клаустрофобично и тесно. Истовремено, внатре се чуствувам како граѓанин од втор ред“, изјави работникот Азран Заин, откако ја испроба кабината.

Нема ни столици и не е пријатно внатре да се пуши затоа што кабините се тесни.

Сингапурската компанија „Southern Globe Corporation“ која ги постави првите кабини на улиците, планира до крајот на годинава да постави уште 60 вакви пушачки кабини.

Сунгапур ги воведе првите антипушачки закони уште во 70тите години од минатиот век и од тогаш постојано ги прави построги. Така, денеска не смее да се пуши ни околу станбени згради, ниту во приватни автомобили доколку се спуштени прозорците.