Двесте полски хулигани приведени во станица пред натпреварот

Попладнево низ центарот на Скопје се слушаше песната на полските навивачи кои од вчера се во нашата земја.

Нивниот хулиганизам е одамна добро познат и македонската полиција подготвена ги дочека во нашата земја. Неколку меѓусебни инциденти предизвикаа интервенција, а вечерва стигна и веста за првите апсења.

Околу 200 полски хулигани се уапсени заради меѓусебни инцидентни во предвечерјето на натпреварот на „Тодор Проески“ во Скопје. Полските фанови мирно доаѓаат на стадионот во Скопје, а полицајците се одлично екипирани и во голем број го обезбедуваат стадионот.

Се очекуваат преку 20.000 гледачи за време на натпреварот, но заради распределбата по сектори, помала е веројатноста за инциденти на стадионот отколку низ градот и по скопските улици.