Привремениот казахстански претседател Касим-Жомарт Токаев надмоќно победи на неделните претседателски избори освојувајќи 70,76 отсто од гласовиите, објави во понеделникот државната изборна комисија наведувајќи ги прелиминарните резултати од гласањето.
Според прелиминарните резултати, општествениот активист и новинар Амиржан Косанов освоилк 16,02 отсто од гласовите, пратеникот во Меџлисот (долниот дом на парламентот) Данија Еспаева освоела 5,2 отсто, претседателот Нациоанлниот аграрно научно-образовен центар, Толеутај Рахимбеков освоил 3,3 отсто, претседалот на територијалната унија на синдикатите на Западен Казахстан, Амангелди ТАспихов освоил 2,07 отсто, а заменикот на Меџлисот, Жамбил Ахметибеков освои 1,82 отст, а писателот Садибек Тугал освоил 0,92 отсто од гласовите.
Без разлика на оставката, Назарбаев и натаму има широки права благодарејќи на законот изгласан минатата 2018 година и неговиот статуст „татко на нацијата“ кој му гарантира правосуден имунитет и влијателна улога. Најави и дека ќе остане на чело на Советот за безбеднсот и водач на партијата Нур Отан, која е доминантна во парламентот.
Ваквиот исход воопшто не е изненадувачки откако Нурсултан Назарбаев, кој владееше со Казахстан неприсконовено речиси три децении и задржа широки овластувања по повлекувањето од функцијата во март годинава го именуваше овој 66-годишен дипломат како „човек кому може да му се довери судбината на Казахстан“.
Токаев, дипломат кој зборува руски, англиски и кинески јазик и поранешен премиер образован во Москва, го презема во март привременото претседателство, тогаш изјави дека ќе продолжи да ја води политиката на „искусниот“ водач Назарбаев и оти од него ќе бара совети за секое прашање.
Западните медиуми пренесуваат дека наводно се притворени околу 500 луѓе кои протестирале во два поголеми града од оваа поранешна советска република поради, како што тие тврделе, нечесните избори кои биле наместени за да се потврди наследникот на Назарбаев.