Голем пожар во стан во Кисела Вода

Попладнево, од засега непознати причини, избил пожар во стан во зграда во населбата Кисела Вода.

Пожарот е во стан на 5. кат и во моментот е празен, но има станари кои се заглавени во зградата што се наоѓа на улица „Народни Херои“ и не можат да излезат.

Пожарникарите се на терен и се борат со огнените јазици, што побрзо да се изгасне пожарот.