
Шведската полиција којашто во понеделникот го застрелала маж на главната железничка станица во Малме, откако сведоци пријавиле дека се заканувал и тврдел дека носи експлозив и огнено оруќје, соопшти локалната полиција подоцна вечерта.
Железничката станица во Малме, која е главниот сообраќаен јазол на југот од Шведска, поради инцидентот беше евакуиран во поглем дел од денот. Никој не е повреден освен мажот кој бил застрелан од полицаец.
„Заднината и причината за тоа е заканувачкото однесување на мажот. Носел две торби и тврдел дека во нив има огнено оружје и експлозив“, рекол полицискиот офицер Пер-Олоф Сојсет на прес-конференција.
Мажот, чијшто индентитет сѐ уште не е утврден, добил медицинска помош,. А торбите кои ги носел биле уништени со контролирани екслозии, наведуваат од полицијата во Малме. Мажот подоцна е уапсен поради закани, а меѓу неговите работи се најдени неколку лични документи со различни идентитети.
Иако не е јасно дали торбите содржеле некакви опасни предмети, Сојсет рекол дека полициските службеници на местото на инцидентот морале да реагираат под претпоставка дека станува збор за терористички напад.
Медиумите јавуваат дека е зголемено присуството на полицијата на јавните простори во Мале, крајбрежен град со малку повеќе од 300.000 ќители. Железничкиот сообраќај на оваа реалција е запрен поради истрагата, соопштија регионалните и национални железнички превозници.