
Поради сообраќајна несреќа изутринава во прекин е сообраќајот на скопската обиколница кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци.
Од АМСМ информираат дека до нормализацијата на сообраќајот, возилата се пренасочуваат кај клучката Качанички пат кон Скопје.