„Мајкрософт“, „Амазон“ и „Епл“ се најмоќни светски компании

Ако го знаете одговорот на овие прашања ќе добиете работа во Епл

Компанијата „Мајкрософт“ успеа да стигне до рекордно зголемување на своите акции и вредноста на компанијата се искачи на повеќе од 1.000 милијарди долари. Главната причина за тоа се клауд услугите на компанијата.

Како втора најмоќна компанија е „Амазон“ која има проценета вредност од 888 милијарди долари и со огромен раст на акциите, а на третото место се наоѓа „Епл“ со 875 милијарди долари вредност. Иако „Епл“ има мал пад на акциите, компанијата се уште е многу моќна на полето на паметни телефони.