И ДУИ ќе прави чистка, ама партиска

На вонреден состанок на Интегративците, претседателот на партијата Али Ахмети, одлучил да ги разреши сите претседатели на партиските ограноци и подограноци.

Според партиската одлука, ниту еден од разрешените претседатели нема да има право повторно да се кандидира на истата позиција.

На местото на разрешените претседатели се назначени координатори за секој огранок до изборот на новите претседатели.

Пратеникот Артан Груби попладнево на Фејсбук категорично ги демантираше информациите дека имало разрешувања, туку дека ним им бил истечен мандатот пред повеќе од една година и дека вчера било договорено да се определат тела што ќе ги организираат изборите  за нови претседатели на ограноците, како најава за новиот Конгрес на партијата…