Како мафијата во Албанија ги манипулира изборите

Треба ли на Албанија да и’ биде дозволен влез во Европската унија? Тирана настојува, Брисел изгледа нема ништо против, а Германија ги поддржува прегворите за присоединување на оваа балканска држава, потенцирајќи го нејзиниот голем напредок во демократизацијата.

Но, всушност земјава тоне во хаос. Албанија се наоѓа на крстопат – кон демократијата или кон Република Мафија, пишува германскиот весник „Билд“, пренесува НетПрес. Во текстот се наведуваат обвинувања за власта на премиерот Еди Рама, за поврзаност со мафијата.

Масовни протести, кои траат со недели, избегнување од спроведување на законот и истрагите на обвинителството, корумпирано полициско раководство, недостаток од Уставен суд, сомнителен Врховен суд – Албанија, освен во сферата на туризмот, се наоѓа во една сериозна и длабока криза. Една од причините, која придонесува во масовноста на уличните протести, е обвинението за власта на премиерот Еди Рама во Албанија за масовно купување на гласови – со помош и со парите на наркомафијата, која ја владее земјата.

Од стапувањето на должност на Рама, одгледувањето на марихуаната се распространи низ целата земја – освен шверцот со наркотици, тоа стана и најважната индустрија во државата. А, парите од дрогата ја управуваат државата…

Весникот „Билд“, неодамна, објави прислушуван телефонски разговор, во кој премиерот Рама прашува друго лице дали се’ се одвива какоо што е договорено.

Реакцијата на Тирана: „Билд“ е корумпиран, тврдењата (врз основа на документи на албански и и на западноевропски истражители) се целосно неосновани. Автентичноста на записите дури беше повтрдена и од албанските истражни органи.

„Билд“ располага и со податоци за телефонски разговори, кои покажуваат како пред изборите во 2017 година, еден познат наркобарон купува гласови за Социјалистичката партија на Рама. Тој гарантира дека одреден политичар ќе влезе во парламентот. Од редакцијата приложуваат уште шест снимени разговори, како поткрепа за своите тврдења. Тие се дел од истрага на албанската полиција – т.н. „Дело 339/1“. Снимките биле направени од албански истражители пред парламентарните избори во 2017 година. Според истражните органи, тие се само дел од една цела колекција од снимени разговори, собрани во текот на неколку месеци во 2017 година. Конкретниот случај е само един од десетината во Албанија. Повеќето од нив се заметени под тепихот, до ден денеска. Истражителите, кои работеле на случаите, или биле принудени да си ја затворат устата, или се избегани во странство. Споменатиот наркобарон е мафијашот Астрит Авдилај, кој според истражните органи е на чело на банда од најмалку 44 лица, која се занимава со меѓународна трговија со наркотици (кокаин и хероин) во реонот околу пристанишниот град Драч. Авдилај, и неговите браќа, ја водат бандата од малиот град Шијак.

За него напорите вредат: месеци по изборите тој беше уапсен, како дел од меѓународна истрага, заедно со други членови на кланот и двајца од неговите браќа. Авдилај сега повторно е на слобода – тврди дека боледува од депресија, поради што неможе да престојува во затвор. Снимените разговори покажуваат како мафијата се грижи одреден политичар да стане кандидат на Социјалистичката партија. И на крај, како се гарантира дека тој политичар и владејачката Социјалистичка партија на Рама, ќе победат. Градоначалникот од редовите на социјалистите, на вториот по големина град во Албанија – Драч, исто така учествува во шемата. Така се дознава дека шефот на мафијата, заедно со локални политичари, со градоначалникот на неговиот роден град и со тој на Драч, се здружуваат околу политичката иднина на член на Социјалистичката партија, по што купуваат и организираат гласови за него.

Драч, и другиот пристанишен град Валона, се од решавачко значење за мафијата: според истражните органи, кокаинот и хероинот влегуваат во Албанија токму преку овие две пристаништа. Оттаму наркотиците – вклучително и марихуаната, одгледана во Албанија – се шверцуваат во Италија и во Северна и Централна Европа. Заработките се гигантски и треба да бидат осигурани. Како што бившиот министер за правосудство на Албанија изјавил за „Билд“ – има сојуз меѓу политиката и
мафијата во Албанија: политиката обезбедува бизнис, гласовите се на мафијата, а таа ги инвестира своите пари од наркотици во недвижни имоти и во политичари, кои затвораат очи пред шверцот со дрога и перењето пари. Во системот на криминални кланови во Албанија, одгледувачите на марихуана се среќни гласачи, ако власта им ја обезбеди заработката.

Сето ова воопшто не е невообичаено во многу други балкански држави, како и меѓу претходниците на Рама во Албанија – но, системот беше усовршуван како национална програма за време на неговото владеење. Двајца министри за внатрешни работи досега беа ослободени од прогон. И двајцата беа приведени под сомневања дека се дел од наркомафијата. Моментно е обвинет само поранешниот министер за внатрешни работи Самир Тахири. Рама и неговата екипа, традиционално, ги отфрлаат обвинувањата. Дури и самиот Рама се смета за човек со тесни врски со наркомафијата: западните истражители и албанската опозиција го обвинуваат дека е купен со пари од шверц со наркотици. Како доказ за тоа може да се земе во предвид записот од телефонскиот разговор од 11 септември 2016 година, кога Рама прави телефонски повик кон раководителот на регионалниот избирачки орган, за да провери дали се’ се одвива за изборите „како што било договорено“. Одговорот на лицето од другата страна на слушалката е: „Да шефе, се’ е договорено“.

Бившиот министер за правосудство, Манџани, угледен професор по право, за „Билд“ изјавил:

„Разни меѓународни организации потврдија дека имало масово купување на гласови“.

Според него, Рама и мафијата се рака под рака.

„Власта ја штити мафијата, и дозволува да си го тера наркобизнисот непречено“.

Во замена за тоа, бандите и клановите купуваат гласови на избирачите во корист на власта.

Рама го одрекува сето ова. Тој себе си се гледа како жртва на заговор.