ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги задолжи македонските граѓани за нови 8 милиони евра

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми. Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто домашниот производ, а за жал македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран Заев. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а притоа реализацијата на капиталните инвестиции за првите 4 месеци е катастрофална и е под 10 проценти. Во превод Заев и неговите министри не работат ништо, нема нови капитални проекти, нема школи и градинки, болници, патишта и автопати, стои во соопштението и се додава:

„Граѓаните со секој нов корупциски скандал на власта го добиваат одговорот каде завршуваат нивните пари, нивните пари завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ и луѓето блиски до власта. Парите на граѓаните се трошат за партиски вработувања, за непотистички вработувања и за криминални тендери и грантови“.

Македонската економија, потенцираат од партијата, е пред колапс, а Заев мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата.

-Доколку Заев тоа не го стори набрзо ќе соочи со гневот на граѓаните на следните парламентарни избори, каде граѓаните ќе стават крај на неговата трагична политичка кариера.